Англичанката Нина Фаруќи остана без работа само еден ден по пласманот на англиската фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство.
Нина го излажа шефот дека е болна, а всушност со пријателката отиде на полуфиналниот меч на Еуро против Данска.
Таа тргна од Брадфорд, во близина на Лидс, за Лондон за да гледа еден од најважните натпревари на Англија на Вембли. Сè беше во ред сè додека камерата, по автоголот на Симон Кјаер, не ја фати како слави.
Милиони гледачи го виделе тоа, но и нејзиниот шеф кој ја отпуштил затоа што го лажел.
“Ова се возбудливи моменти за цела Англија, но за жал нашата вработена лажеше дека е болна и го прекршила договорот за вработување, така што немавме друг избор освен да ја отпуштиме. Нашата компанија ќе им даде на сите бесплатно утро во понеделник ако Англија успее да не направи сите нас среќни. Недела вечер“, рече нејзиниот шеф Стивен Тејлор.
Од друга страна, Нина, иако доби отказ, е среќна што сепак е на Вембли на историски натпревар и не жали што го стори тоа.
“Тие ми рекоа дека ме виделе на натпреварот и јас искрено им реков зошто го сторив тоа, но тие не сакаа да ми простат. Тоа е нивна одлука и последица на мојата постапка, малку жалам, никој не сака да боде отпуштен, но многу повеќе ќе жалев ако ја пропуштев оваа можност да бидам на Вембли “, рече Нина.
Таа се надева дека Англија утре вечер ќе ја победи Италија на култниот стадион во Лондон во борба за трофејот и има намера да биде на трибините.