Можеби било грешка со одморот во Дубаи, но сепак со оглед на тоа дека многу работам, право на одмор имам, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање. Како што вели тој, по 16 часа дневно работи, па има право на три дена одмор со сопругата.
-Три дена одмор после 16 часа работа на ден за граѓаните и за државата, чесно е и искрено да ѝ ги посветам на сопругата. Можеби од оваа временска дистанца е направена грешка што е избран Дубаи, но и не беше целосно одмор туку сопругата, која работи за странска компанија, не за домашна, имаше и работни состаноци. А, за платата што ја добивам имам право на 16 часа работа, но и право три дена во годината да искористам за одмор, изјави Николовски,