-Се уште во детали го немаме видено овој документ, но можам да потенцирам дека граѓаните на С.Македонија цврсто се одлучија да застанат зад Охридскиот и Преспанскиот договор и тоа се темели за нов пат на модерно општество кое се трансформира по патот кон ЕУ и мислам дека ова е порака е до оние сите кои сакаат да ги блокираат сите процеси во државата, вели вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски во врска со декретот на Бајден .
Николовски кажа дека со овие реформи ни се овозможи да бидеме дело од НАТО како и да бидеме пред почетокот на преговорите со ЕУ.
Инаку, како што претходно објавивме американскиот претседател Џо Бајден потпиша наредба со која на сите оние кои што работат против Охридскиот и Преспанскиот договор ќе им биде забранет влез во САД, но и ќе им биде замрзнат имотот.