Најголем дел од Интервентниот фонд од 250 милиони евра Владата смета дека треба да биде насочен кон поддршка на производителите на пченица и јачмен за да ги фатиме роковите, за да се обезбеди прихрана и да имаме површини од коишто ќе имаме доволно пченица. Во тој дел околу два милиони евра се наменети за вештачки ѓубрива, знаејќи го растот на цените и трендовите коишто се во целиот свет, па и во регионот, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање за помош на земјоделците околу зголемените цени на репроматеријаталите и горивата.

Оваа поддршка, како што рече Николовски е интервентна и итна и е за набавка на вештачко ѓубриво од 1 декември до 30 април за производители на пченица и јачмен.

-Преземавме обврска и веќе е усогласена методологијата за доделување на зелена нафта со актуелните цени на горивата, на нафтата. И во тој дел 13 проценти е зголемено само со ова усогласување износот којшто и градинарите ќе го добиваат по хектар во делот на зелена нафта. Мислам некаде околу 4.300 денари е по хектар. Меѓутоа, во Собрание се наоѓаат измени соодветни на Законот за земјоделство и рурален развој, истакна Николовски и притоа се заблагодари на сите политички чинители на што на вчерашната и пленарна седница и на вчерашната Комисија за земјоделство сите четири закони добиле поддршка од сите пратеници.

Најави дека ќе биде објавен јавен оглас за околу 7 илјади хектари површини земјоделско земјиште и тоа наскоро ќе биде ставено на располагање на земјоделците