Вицепремиерот за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска во Берово изјави дека ќе дадат поддршка на секоја резолуција или декларација со која се штити македонскиот јазик и идентитет.
– Станува јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање било каква резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период, изјави Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.
Рече дека земјава како никогаш досега немала така висок меѓународен углед, кредибилитет и поддршка и е пример за тоа како се решаваат проблемите.
Посочи дека државата со заштитен идентитет и јазик станала членка на НАТО.