Вицепремиерот задолжен за борбата против корупцијата, Љупчо Николовски, конечно призна дека извештајот на Транспаенси интернејшнл, во кој Северна Македонија е рангирана како најкорумпирана земја во Балканот и во Европа, не е прашање на перцепција, туку е реалност.
Николовски на гостувањето во Телевизијата ТВ21 потврди дека лошите резултати произлегуваат од фактот што со децении работите во земјата не се менувани на подобро.
„Од 2018 година до 2020 година во државава имаме застарени 3292 предмети – кривични, граѓански, прекршочни. Ја добивме токму оваа официјална статистика која што го потврдува извештајот на Транспаренси дека токму нашиот пат во овој период не е од други области туку е во делот на судството и во делот на владеењето на правото“, вели Николовски.
Тој најави дека ќе побараат официјално од Судскиот совет детална анализа колкава штета имаат предизвикано предметите, кој се е инволвиран и зошто застареле.