Владата најави дека оваа година ќе биде антокорупциска и дека влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа и токму поради. Минатата недела го презентираше и Планот за борба против корупцијата кој меѓу другото предвидува борба против корупцијата во Владата но и на, како што најавија, демонтирање на режимските остатоци од поранешната влада. После најавата на Антикорупцискиот план и изгласаната доверба на Владата во Парламентот, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и понуди заедничко дејствување.
Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски за МИА рече дека со режимското владеење од 11 години на претходната власт, била заробена и извршната и судската власт. Според него деинсталирање на режимот значи широка акција на сите нивоа и дека токму поради тоа е подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за демократски исчекор.
-Кога велиме деинсталација на режимот, тоа значи широка акција на сите нивоа на политика и на сите нивоа на власт, од ослободување на Владата од режимските стеги, преку прекинување на ланецот реваншизми, па сѐ до прочистувањето на судството. Тоа е и нашата најнова иницијатива за поттикнување демократски исчекор кај ВМРО-ДПМНЕ, преку заедничко дејствување за напредокот на државата. Тоа е шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ. Ние како Влада, го покажавме нашето визонерско размислување, со самото тоа што после неколку дена од изгласана доверба во Парламентот, премиерот Заев подаде рака за дебата за национално помирување, што е доказ не само за лидерство, туку и за висока политичка свест кога е во прашање решавање на проблемите на граѓаните и создавање подобри услови за живот, нагласува Николовски.
Во однос на деталите од Планот за борба против корупцијата и неговото спроведување, вицепремиерот Николовски за МИА појасни дека со посебна мерка задолжени се сите седум аниткорупциски надлежни институции да се поврзат на Националната платформа за интероперабилност за седумтте надлежни органи за борба против корупција, платоформа која обезбедува навремена размена на податоци по електронски пат за предмети поврзани со корупција.
-Она што можам да го наведам сумирано е дека најголем проблем преставува системската поврзаност на институциите и брзата и ефективна дигитална размена на документи и ние активно работиме и ќе работиме во идниот период за надминување на овој проблем. Исто така еден дел од институциите се соочуваат со недоволна кадровска екипираност како што е случај со УЈП или истражните центри на јавното обвинителство каде што отсуствува кадар за сериозни финансиски истраги. Исто така сериозен недостиг е легислативата и правните рамки кои понекогаш се во колизија и се недоречени во однос на надлежностите на различни иституции, појасни Николовски.
Во однос на извештајот на Транспаренси Интернешнл, вицепремиерот вели дека не може да се очекуваат брзи резултати и позитивни рангирања после 11 години режим. Потенцира дека овие извештаи уште повеќе ги мотивираат, да бидат посилни во борбата против корупцијата и криминалот и дека како Влада, со разрешници на предметите за висока корупција, со завршени со правосилни пресуди на огромен број на случаеви поврзани со претходниот режим и докажале на опозицијата дека обидите за дејствување против правната држава им се залудни.
Тврди дека Владата во борбата против корупцијата преземала мерки и пред Планот, со Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, донесен минатата година. Се водат од мотото неселективна правда и тоа според Николовски покажало и разрешувањето на функционери кои ги прекршиле одредбите од Кодексот.