„Замислете да има комисија што ќе утврдува кои имиња се забранети, а кои дозволени за здруженија. Да седне некаква комисија и да одлучува кои имиња се најлоши за да не се регистираат. Го поминавме тоа време“ изјави новинарот Љубиша Николовски во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека доколку сакаме земјата да ги надмине квалификациите на хибриден режим треба да ги тргнеме таквите погледи и да не реагираме емотивно.
„Треба да се рачисти што точно беше провокацијата на Бугарија во Битола и да изреагираме како држава. Не може да им забраниме да дојдат, но може да укажиме дека тоа не е во ред“ рече Николовски.
Тој додаде дека ставовите кои ги искажуваат бугарските политичари се исти и дека ништо ново не било кажано во Битола, туку само се продолжил истиот наратив.