Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски не го знае Б планот на неговиот колега од владата минстерот за транспорт Благој Бочварски кој изјави дека таков план постои доколку биде оспорен законот за Бехтел-Енка да гради автопатишта во Македонија. Николовски најави дека утре ќе има средба со антикорупционерите, кои најавија дека поради сомневања за корупција Законот ќе го достават до Уставниот суд. Николовски вели дека од антикорупционерите ќе побара поддршка за законот.

Advertisements

„Не знам кој е тој што ќе се обиде да влезе во корупција кога станува збор за најголеми светски компании и со поддршка на сите меѓународни поддржувачи на нашата земја“, рече Љупчо Николовски Вицепремиер за борба против корупција.

Во краток телефонски разговор за Алсат претседателката на Антикорупциска вели дека нема ништо да ја премисли и законот во понеделник ќе го оспори пред Уставниот суд. Според процедурата законот стапува на сила во сабота бидејќи тогаш истекуваат осум дена откако беше изгласан во Собранието.

„Точно е дека утре ќе имаме средба со вицепремиерот за спречување на корупцијата Љупчо Николовски. Но тоа е редовна средба и ние го поканивме по повод вселувањето во новите простории. Законот со кој треба Бехтел-Енка да ги гради автопатиштата во понеделник со сигурност ќе го оспориме пред Уставниот суд“, наведоа од Државната комисија за спречување на корупција.

По објавата дека антикорупционерите ќе го оспорат законот и јавно побараа од претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува указот за прогласување на законот, од Кабинетот на претседателот експресно стигна соопштение дека шефот на државата веќе дал зелено светло за спорниот закон. Инаку, Законот предвидува американско-турскиот конзорциум „Бектел – Енка“ да ги гради автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Битола-Прилеп по принципот „клуч на рака“.

Компанијата беше избрана без тендер, туку со директна спогодба. Засега не се знае колку ќе чинат овие патишта. Инаку, компанијата Бакел – Енка во јавноста е позната по изградбата на автопатот во Косово кој е еден од најскапите во Европа и чинел 17 милиони долари за еден изграден километар.

Иле Петревски