Вицепремиерот Љупчо Николовски тврди дека службените возила повеќе нема да се користат во приватни цели.
Тој најави решение според кое точно ќе се определи кој ќе може да има службено возило кое време може да се користи.
„Во вторник, на Владина седница ќе биде донесена одлука за употреба на службените возила која што точно ќе пропишува кој може да располага со службеното возило кај директорите на централно и локално ниво, напиша на твитер Николовски.
Според него, со одлуката јасно ќе се знае кој од вработените ќе може да користи службено возило.
„Одлуката предвидува да не може да се користи службено возило за одење дома од работа. По извршувањето на службеното дејство возилата ќе мора да се враќаат назад во институцијата, објаснува Николовски.