„Луѓето сакаат да го стреламе Мијалков. Ако има можност да се брани, додека сето тоа не стане правосилно, зошто да не излезе од притвор“, вели новинарот Љубиша Николовски за емисијата „Само вистина“, коментирајќи го предлогот на одбраната на притворениот екс-директор на УБК Сашо Мијалков да му се укине мерката притвор со гаранција од 10,8 милиони евра, во недвижнини.
„Секаде во светот се дава некаква кауција или гаранција за да добиеш делумна слобода“, додава Николовски.
Тој наведува дека не е првпат за Мијалков да биде во домашен притвор.