Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, преку социјалната мрежа facebook го искоментира изгласувањето доверба на Владата од страна на собранието.

„На барање на премиерот Зоран Заев, согласно можностите од Деловникот, пратениците изгласаа доверба на Владата.
Сите лаги на опозициската ВМРО-ДПМНЕ потонаа во вода.
Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период.
Коалицијата којашто ја доби довербата од граѓаните ги продолжува реформите, напредокот, борбата против корупцијата“, напиша Николовски на социјалната мрежа facebook.