Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос, ја потенцираа важноста на пријателските и добрососедските односи, како темел за најважните процеси за нашата држава, евроинтеграциите и економската соработка.
Договорот од Преспа помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција претставува пример за пријателско решавање на билатералните прашања, за што постои широка меѓународна поддршка, како што е потенцирано во неодамнешната одлука на Претседателот на САД, Џо Бајден, истакна Николовски.
„Амбасадорот го поздрави прогресот и реформите кои нашата Влада ги спроведе во изминатиот период и најави уште поголема поддршка за идните активности“, посочи Николовски.