Апсолутно, за тоа велам граѓаните се уморни од дневно политичко прекопувања, блокади, судири токму на нерационални теми без разум. И затоа велам не знам кај е разумот земјоделецот денеска ги чека субвенциите, тутунарите, сточарите и земјоделците ги чекаат субвенциите и парите кои што ги има во буџетот и кои што решенијата се готови и платежната агенција не може да ги исплати заради оваа промена во Собранието, ова го изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во емисијата Дебати на Тв Шења.
„Во земјоделието нема политики, особено оваа година не може да има заради тоа што ние имаме квалитетни законски решенија од кои што зависи исплатата на субвенции, 100% зелена нафта, 40% поддршка на младите фармери, многу нови мерки развојни политики кои што ги оформивме и се во Собранието, јас се обидов, јас разговарав со претседателот на собраниската комисија за земјоделие со сите членови, без во Собранието на повеќе седници во повеќе наврати, испратив писмо првенствоно до пратениците, писмото е од пред два месеци, пред два месеци се обратив како министер без да го објавуваме јавност… се надевав дека ќе има разум и разбирање за потребите на земјоделците…“, додава Николовски.
„Треба да сме свесни за кризата во секторот за производство на храна, ФАО, целиот свет , сите меѓународни институции ни ги праќаат пораките заради тоа што знаеме и Русија и Украина се едно од најголемите житници, најголемите производители на пченица…“, изјави Николовски во емисијата Дебати на ТВ Шења.