Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупцијата, е гостин вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Николовски даде свое видување за престојните локални избори.
Не даде одговор на прашањето од колку градоначалници е задоволен во моментов, но истакна дека ќе се проверуваат сите градоначалници дали ги реализирале препораките од Владата.
„Носиме голема одговорност поради големиот број на градоначалници. Јас не можам да кажам од која бројка сме задоволни. Претседателот на партијата соопшти 20-тина имиња на градоначалници, кој според системот на следење покажуваат резултати и успешно спроведување на политиките, работат, реализираат и се држат кон кодексот, и имаат поддршка од претседателот, но треба да ги отвориме и внатрепартиските анкети.
СДСМ ќе застане зад најдобрите имиња за градоначалници. Се среќаваме со сите, се со цел на реализција на препораките од Владата. Дали се објавени 22 типа на документи од јавен карактер согласно законот, дали имаат објавено лице за приајвување на корупција… Во рамки на тие средби разговараме за тие прашања, бидејќи градоначалниците се првиот директен контакт на гражаните со службите“, коментираше Николовски.