-Во ваква епидемиолошка состојба јас кажав една пресметка потенцијалот само од пописот е да имаме нови дополнителни 50.000 илјади заболени само во тек на месец април. Со оваа одлука тоа условно кажано оневозможува односно се заштитува здравјето на населението и не гледам тука како може да правиме поделба помеѓу граѓаните, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во гостувањето во „Утрински Брифинг“.
Според него, во Македонија од корона вирусот се погодени сите луѓе без разлика на која националност припаѓаат и дека основната причина за одложување на пописот е поради исклучителната лоша епидемиолошка состојба во државата со корна вирусот.
-Јас не мислам дека во Македонија од корона вирусот се погодени само Македонци или само Албанци или Турци или Срби или сите кои што живеат. Погодени се за жал сите и епидемиолошката состојба е исклучително лоша и тоа беше основна причина зошто ВМРО-ДПМНЕ недели и месеци наназад бараше да се одложи пописот, рече Николовски.