Вицепремиерот за борба против коруспцијата Љупчо Николовски на социјалните мрежи се огласи по повод разрешувањето на директорот на болницата во Струга, гинекологот д-р Мухамед Асани.
Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, е разрешен. Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните.
Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност.
Следен чекор на ДСЗИ беше поднесување на пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга, за што во тек е истражна постапка.
Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи, во интерес на сите граѓани.
Државата е тука за граѓаните. Законите важат за сите подеднакво!
Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, е разрешен. Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните….
Posted by Ljupcho Nikolovski on Thursday, 18 March 2021