Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки го штити стандардот на граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска и енергетска криза, вели пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.

Како што вели таа, пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании.

-Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни.

Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и горивата за транспорт.

Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари.

Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош.

Истовремено, важно е да се напомене дека во пакетот антикризни мерки, особено внимание е посветено на мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и на финансиска поддршка за фирмите преку Развојната банка, вели Николова.