Владата предводена го усвои Буџетот за 2023 година и тој сега се наоѓа во Собранието. Таму пратениците ја започнаа дебатата, а од владејачката СДСМ тврдат дека тој е развоен и одговор на енергетската и економската криза. Пратеничката Даниела Николова вели дека буџетот е со цел конечно да се победи кризата, да почне економски да растеме, да го зголеми животниот стандард на сите граѓани.
Следната година мора да биде и ќе биде подобра од оваа. Следната година е година на надеж и на економска пресвртница.
Таа пресвртница започнува токму со овој Буџет со кој обезбедуваме 250 милиони евра за дополнителни мерки за помош на граѓаните.
Пари се обезбедени и за нов раст на минималната плата и за пензиите.
Околу 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, за нови улици и патишта, за нови водоводи, за но градинки и училишта, за нови амбуланти и болници.
Тоа дополнително ќе го поттикне генералниот економски раст кој според проекциите на ЕБОР треба да биде на ниво на 2.3 отсто, што ќе биде многу подобро од нивото на државите од еврозоната.
Во овие десет месеци ја држевме цврсто економската линијата за борба против кризата,но веќе од следната година со новиот Буџет правиме економска офанзива
Правиме општествена промена, преку енергетската транзиција, нови странски директни инвестиции и силна поддршка за граѓаните и домашната економија.
Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за граѓани, со вистинска грижа за македонската економија, ја менуваме државата на подобро, вели Николова.