Бобан Николов кој во игра влезе во самиот финиш и на теренот ја почуствува сласта од победата над Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1 за „МоцартСпорт“ ги открива тајните на успехот на Шериф Тираспол. Но, зачудувачки е тоа што по враќањето од Мадрид, дома немало преголема еуфорија.
-Стигнавме во Молдавија ноќта помеѓу вторник и среда. Но, беше прилично мирно и тивко. Можеби не ми верувате, но не дочека само само една телевизиска камера. Можам само да замислам што ќе се случеше во Белград доколку Црвена Звезда или Партизан славеа против Реал Мадрид. Лудо, сигурно. Се разбира, овој мир што го имаме може да биде предност во некои ситуации. Нема голем притисок од фановите “, вели Бобан Николов на почетокот на разговорот за „МоцартСпорт“.
Николов воедно откри дека како дете навивал за Реал Мадрид.
-Без лажна скромност ова е најголемото изненадување во Лигата на шампионите. Ја имав таа среќа во финишот да истрчам на „Сантијаго Бернабеу“. Како дете навивав за Реал Мадрид, почнав да играм фудбал поради генерацијата на Зидан и останатите „Галактикоси“. Плачев кога губеа“
Македонскиот репрезентативец воедно откри како се подготвувале за дуелот со Реал Мадрид.
– Можам да ви кажам како беше во подготовката на натпреварот со Реал … Ваше е да ми верувате. Обично тимовите од Исток немаат некои големи амбиции кога играат против фаворитите. Но, ние не влеговме на натпреварот така, со цел да загубиме со што е можно помала разлика. Го анализиравме Реал од сите агли, имавме видео презентации за нивната игра еден час, три дена по ред, знаевме како можеме да им се спротиставиме. Тренерот ни рече дека треба да покажеме почит, но дека не треба да се плашиме. Навистина верувавме, изјави Николов.