Доктор Игор Николов претседател на Републичката Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија, истакна дека доколку СДСМ сакаа да изградат Клинички центар тогаш ќе го изградиле тој што им го остави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за која имало обезбедено и финансиски средства и проект.
„Доколку актуелната влада работеше и сакаше да направи Клинички центар ќе го направеше тој и сега ќе зборувавме за вториот Клинички центар каде ќе биде. Простор за компромис постои, но проблемот е во повеќе работи. Прво во финансирањето, второ во локацијата и трето во обезбедување на доволно персонал кој што таму ќе работи“, вели Николов.