Кога Македонија ќе испорача во борбата против криминалот и корупцијата, тогаш Бугарија ќе добие многу силен притисок и на тој начин ќе добиеме и подобри услови, вели за Детектор, на Сител телевизија Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Македонија испорача во делот на борба со организираниот криминал и корупција и воведе функционален систем на владеење на правото, условите ќе бидат многу подобри и Бугарија ќе биде ставена во ќош и ќе мора да ја запре оваа политика“ – рече Николоски.