Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одржа прес-конференција во која ја обвини власта за бегството на Сашо Мијалков. Тој рече дека најавената коалиција меѓу Заеви и Мијалков, сега станала вистина. Како што вели тој, коалицијата Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков која постои уште во октомври 2018-та година, се потврдила викендов. Николовски вели дека во октомври 2018 година кога го исклучиле Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, јавно кажале дека има тајна коалиција, која не само овие три години, туку 15 години наназад работи на уништување на Македонија.

-Наградата за тоа уништување и разнебитување од Зоран Заев стигна овој викенд, на начин што се овозможи да се избега од правдата, и во овој момент имаме бегалец од правдата. Спасовски молчи, Шекеринска ја нема никаде, а Заев жали и ја префрла вината.  Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. 24 часа Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите од Владата да го обезбедат бегалецот од правдата, вели Николоски.