Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното издание на “Студио 10” на Телевизија 24 со низа критики кон претседателот Пендаровски истакнувајќи дека работата на претседател на една сиромашна држава со 2 милиони граѓани е да носи нови работни места и пари, а не да отпатува за Брисел и да се врати без ништо.
Николоски даде пример со претседателот на Србија Александар Вучиќ кој се вратил од Брисел со грант од 650 милиони евра за брза пруга од Белград до границата со Македонија.
„Го гледаме претседателот на Србија, Александар Вучиќ како се враќа од Брисел со 650 милиони евра грант за брза пруга од Белград до граница со Македонија. Тоа ќе значи илјадници нови работни места и зголемување на плати. И го гледаме Стево Пендаровски кој што се враќа од Брисел со многу убави флоскули и ништо конкретно за македонските граѓани“, вели Николоски.