Прашањето не е дали се доцни, туку колку се доцни, Македонија за жал е последна земја во Европа која почна имунизација против Ковид 19, а според бројот на вакцини кои се донирани од Србија, вакцинацијата ќе заврши за два три дена. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека да имавме одговорна власт како што немаме, требаше да се купат два милиони вакцини и да се вакцинираат еден милион граѓани.

-Сакам еве јавно да прашам и да фрлам ракавица до власта, дали причината поради која што не набавуваат вакцини е тоа што сакаат кризата да трае што подолго, затоа што колку подолго трае кризата и овие рестрикции толку подобро за власта, не може народот да излезе на улица да протестира против оваа власта и да ја собори власта, вели Николоски.