Во однос на неодамнешните измени на Кривичниот законик кој беа донесени по брза процедура со европско знаменце, потпретседателот Александар Николоски во интервју за ТВ Шења истакна дека од ваквите измени најмногу корист имаат одредени структури од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни и сегашни функционери и министри од актуелната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ кои се огрешиле пред законот.

„Но она што не го земаа во предвид и за што не размислувале кога го менуваа Кривичниот законик е дека има и други членови по коишто можат да се гонат, не се само три члена во Кривичниот закон. На пример кај било кој од овие може да се влези дома и да се види во каков имот живее и да се побара црно на бело да докаже со кој пари и како го изградил и доколку не може да докаже, а веројатноста е голема во законот се знае, 70% се оданочува практично конфискација и се оди во затвор. Еве еден пример како да се одговара и ќе одговараат. Ние имаме цел план како да ги бајпасираме овие измени на Кривичниот законик и како да одговараат тие што треба да одговараат“, рече Николоски.