Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој учествува на вонредната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, ја повика ЕУ ден поскоро, час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ. Тој директно го спореди рускиот однос кон Украина со бугарското блокирање на македонските преговори со ЕУ.
Она што особено го потенцирам е дека украинскиот народ и македонскиот народ имаат многу сличности. Како што е оспоруван украинскиот национален идентитет, така од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот национален идентитет. Како што е оспоруван украинскиот јазик, на ист начин од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот јазик. Како што страда украинскиот народ, страда и македонскиот народ, порача Николоски. „Она што е битно, додава тој, е да ЕУ определи датум за почеток на преговори со заштитен македонски национален идентитет и со заштитен македонски јазик“.
Тема на вонредниот состанок на Парламентарното собрание на Советот на Европа е војната во Украина. Исто така се размислува и за исклучување на Руската Федерација од активностите во Советот на Европа заради непријателските активности што ги презема.
Затоа што е само пат кон демократија и кон почитување на основните човекови права. Основна тема е војната во Украина и сета онаа несреќа која што се случува во Украина. Бројни човечки животи се изгубени, многу добра се уништени, и има веќе десетици и стотици илјади бегалци. Овој воен конфликт, оваа воена агресија, оваа војна мора да запре, порача Николоски.