Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

На средбата Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.

Исто така на средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и ја потеницра потребата од унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Тој го запозна амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.

Изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

Текстот Николоски – Палминтери: Пријателските односи меѓу Македонија и Италија се потврдени, потребно е унапредување на економската соработка е превземен од МАКФАКС.