Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е категоричен дека тоа што се случува во Украина е акт на војна.
-Никој не очекуваше во третата декада од 21-от век да се случи војна на европско тло. Се работи за ужас, нема зборови со кои ќе се искаже тоа што се случува. Ми смета поделбата на цивили и војници. Кога едните ќе загинат е оправдано, а другите кога ќе загинат не е така. Тоа се изгубени човечки животи. Ова е војна, агресија, покорување на народ. Најлош акт во човечштвото, вели Николоски во емисијата „Само вистина“.