Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски му врати на министерот Бујар Османи.

-Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е.

Исто како што пред 4 години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е ,, научна фантастика“ . После неколку месеци таа ,,научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија.

Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори.

Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот, напиша Николоски на социјалните мрежи.

Османи до Николоски од ВМРО-ДПМНЕ: Со дрва и камења само Албанците да се прикажат како најголеми непријатели на државата!