Николовски презентираше договор кој во суштина е рамковна спогодба за ангажирање на 10 булдожери гасеничари од Марковски Компани кои треба да бидат ангажирани во РЕК Битола во период од 18 месеци за 16.253 денари по час.
– Овој договор кој го презентирам и кој кажав дека чини неверојатни 16.253 денари по час, значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра, истакна тој.
Според Николовски, за народот антикризните мерки кои владата ги дава се во вредност од 500 или 1000 денари, а за своите од Марковски Компани се 16.253 денари. Ова е тежок скандал.
– Ваков договор треба да е предмет на опсервација и на проверка од обвинителството и сите надлежни институции и да најавам ако тоа не го направат во следните 4 до 5 месеци, ќе го направиме ние после промената на власта затоа што мора да има одговорност за кражбата на народните пари, додаде тој.























