Македонија мора и треба да ги интензивира врските со Фрaнција и кога ќе ја води владата ВМРО-ДPMНЕ, Франција, ќе биде во топ приоритети. Во Франција имав средба со високи претставници, а истите продолжија и денес. Јас бев зачуден од она што го кажа Артан Груби дека Македонија ќе добие позитивна одлука на 14 во вторник, а ќе ги почне преговорите првите три месеци на 2022, а од новинари дознав дека ќе бидат виканти македонски претставници во Париз за потпишување на договор, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.
Николоски посочи дека тука има неколку проблеми.
„Првиот е дека е неточно, а изјавата е од втор човек на Влада, второ кога ќе се случи тоа утре или во понеделник, но да не сум ироничен таква работа нема, Груби не ја кажува вистината, факт е дека Фрнација сака старт на преговори и факт е дека Македонија не смее да боде заложник на бугарското вето и корупцијата на Зоран Заев“, рече Николоски.
Тој додаде дека факт е дека Македонија со Заев, ниту почна, ниту ќе почне преговори во ЕУ.
Иако додаде тој, молам и посакувам тоа да се случи што поскоро.