Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски му изрази јавна поддршка на градоначалникот на Тетово Билал Касами, заради тоа направил два храбри потези поврзани со обелоденувањето на јавниот долг на општината и поништувањето на ДУП за ШИК Јелак поврзан со контроверзниот српски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.
„За мене исклучително храбар потег е поништувањето на ДУП за ШИК Јелак. По некоја случајност јас сум тој што прв ја изнесе информацијата во јавност во текот на септември 2020 г. Од два аспекти беше тој ДУП проблематичен, прво ќе го задушеше целосно градот, но и второ кој стои позади истиот, а тоа е Миодраг Дака Давидовиќ, кој што моментално е најекремниот претставник на радикалното крило на Српската Православна Црква“, изјави Николоски во емисијата „Дебати“ на тв Шења.
Николоски појасни дека нема ништо против СПЦ, но има против екстремисти, а Давидовиќ е токму претставник на најекстремното крило на СПЦ и самото негово влегување во Тетово зборувало многу.