ДУИ има целосна контрола над обвинителството и над судството и прават се нивните кадри да не одговараат. Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата Дебати на тв Шења.
„Најчесните кадри во државата се собрани во ДУИ, а сите останати се по сите останати политички партии. Видете, да не сум ироничен, имаат целосна контрола над обвинителството и судството и прават се нивните кадри да не одговараат“, изјави Николоски.
Тој како пример за тоа ги даде составите на Врховниот и Управниот суд, каде и покрај тоа што немаат мнозинство имаат доволно луѓе за да си ја завршат работа.