Николоски му порача на Снопче дека благодарение на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Таравари победил во општина Гостивар, додавајќи дека нелогично е што Таравари добива на поклон куќа во Скопје, а не во Гостивар, прашувајќи го дали ќе се смени Деталниот урбанистички план во Гостивар за да може Таравари каде што има парк заедно со неговиот братучед да гради згради.
Јас не се сеќавам дека ниту една од овие работи која што ја кажавте на господинот Таравари му сметаа на изборите во Гостивар кога не молеше да го поддржиме со цел да го победи Бејта на избори, иначе ќе изгубеше. Да не беа нашите гласови сега Невзат Бејта ќе беше градоначалник на Гостивар, немаше да е Арбен Таравари и затоа е нелогично што добива куќи на поклон во Скопје, а не во Гостивар, затоа што и самиот очигледно не верува во градот кој што го води, рече Николоски.