„Стево Пендаровски е срам за функцијата претседател. Не е проблем што е најслабиот претседател што Македонија го имала, туку тоа што тој ја урива позицијата претседател. Сите што биле претходно со пиетет се однесувале кон позицијата која што ја добиле, за овој човек освен „алапача“ нема друг израз”.
На ваков начин потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ Николоски одговори на прашањето дали некој од ВМРО барал амнестија од Пендаровски за Груевски.

Николоски потсети дека на ист таков брутален начин одговорил и на прес конференцијата на која што зборува за сомнежите за прислушкување во Македонија.

Николоски пред новинарот Насер Селмани во интервјуто за ТВ Шења појасни зошто го нарекува претседателот Пендаровски ,,алапача”, бидејќи како што вели тој ,, наместо Пендаровски да го троши своето време за корисни дела и наоѓање на инвестиции, тој се бавел со озборување.