Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски денеска информира дека предвидени се три чекори за спречување на владата да го прифати францускиот предлог, а тоа е продолжување на протестите и блокадите ширум државата бидејќи како што рече тој протестите даваат резултат.

-Првиот чекор е масовни протести, мора да продолжат протестите и да се масовни. Многу сум благодарен на сите што излегуваат, ги поканувам да продолжат да излегуваат. Сите оние кои што сакаат да излезат а се двоумат дали да излезат дојдат и да ни се приклучат.

Вториот чекор е брзи предвремени избори, да ја срушиме оваа влада во следните неколку недели со цел да можат да се случат на есен брзи предвремени избори со цел целиот овој договор да не биде прифатен, потенцираше и додаде дека третиот чекор е уставна блокада, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ јасно стои на ставот дека не прифаќа отворање на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во него со што францускиот предлог пропаѓа.

И третиот чекор е блокада на уставните измени, односно без ВМРО-ДПМНЕ нема двотретинско мнозинство, не може да се смени уставот, а доколку има предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има апсолутно мнозинство и воопшто нема да разговараме за промена на Уставот. Тоа се трите чекори за кои ни треба народна поддршка, посочи Николоски во емисијата „Што не е јасно“.