Во Собранието на дневен ред се пратеничките прашања. Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот дали по се она што се случува на надворешен но и на домашен план смета дека не е време да се поднесе оставка и потоа да се распишат предвремени парламентарни избори.

-Македонија се соочува со контрирана национална катастрофа години наназад не само во последниве месеци, директно негирање на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, култура, историја, традиција, македонскиот народ. Сакав да го прашам претседателот на Владата. Дали мислите дека во Македонија се живее добро и дали не мислите дека не е време за оставка и за предвремени парламентарни избори, вели Николоски.

Премиерот му одговори кратко дека нема да има предвремени избори, а за надворешната политика ја обвини опозицијата дека токму тие не се борат да го зачуваат македонскиот идентитет. На неодамнешниот конгрес на европските народи партии беше донесена резолуција во кои се вградени барања во однос на негирање на националниот и историскиот континуитет  на која опозицијата која беше присутна таму воопшто не реагираше и не се спротивстави, им врати Ковачевски.

Почитуван пратеник Николовски, одговорот на вашето прашање е не, не треба да има предвремени парламентарни избори. Минатата недела кога на принципиелен начин ние ги искажавме нашите ставови пред сите наши партнери во Европската унија и пошироко. Меѓутоа тоа не може да биде еднакво на однесувањето на опозицијата на конгресот на европските народни партии, вели премиерот Ковачевски.

На темата за францускиот предлог се надоврза и Антонио Милошовски кој побара од премиерот Ковачевски заедно со ресорните министри да присуствува на седница на Комисијата за надворешна политика на која би учествувале и претходните премиери и министри. Ковачевски на ова се согласи.