Познатата хрватска водителка Николина Пишек Ристовиќ се огласи по разорниот земјотрес кој вчера ја погоди Хрватска. Николина по ужасот кој се случи таму, упати јавен апел до Владата на Хрватска.
– Најмалку што можеме да очекуваме од нашата Влада е да се откаже од купување три распаднати борбени авиони и средствата да ги пренамени за Петриња и Сисак, бидејќи сега им е потребно повеќе од кога било – напиша Николина.