Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, министер во изминатите влади на неколку ресори, еден од најблиските соработници на Никола Груевски, Никола Тодоров во своја колумна за „Дојче Веле“, цели дека се додка Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе биде на власт.
-Редоследот на работите е едноставен, најпрво треба да падне Мицковски, за потоа да падне Заев. Ова се обидувам да го објаснам подолго време. Невозможно е работите да се случат по обратен редослед. Невозможно е ВМРО-ДПМНЕ со Мицковски на чело да го победи СДСМ. Причината е едноставна. Мицковски ја има поминато точката во политиката од која нема враќање назад. Неговата поддршка е забетонирана ниско, далеку пониско од вкупниот рејтинг на партијата, па не само што како лидер нема додадена вредност за партијата туку како тег ја влече надоле, пишува Тодоров.
Целата колумна на можете да ја прочитате на „Дојче Веле“.