Никола играл во скопската населба Ѓорче Петров, со уште двајца другари и не можел да поверува дека токму тој ја добива добивката за која илјадници сонуваат.
Advertisements
„Навистина не можев да верувам. И уште не ми се верува, мислам дека немам спиено воопшто овие денови, од што сум превозбуден. Ова е прва толку голема добивка, иако сум добивал и претходно некои помали. Сега ќе видиме како ќе ги потрошиме, уште немам план, допрва ќе ги планираме“, ни кажа Никола кога го примаше големиот чек.
Тој е шестиот добитник на неверојатниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, кој Државна видеолотарија го промовира во март ова година. Добивката може да изнесува од 8.000.000 до 12.000.000 денари и може да се падне на секој наш верен играч, каде било низ Македонија. Покрај оваа престижна добивка, во секој момент може да се добијат МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во износ од 1.200.000 до 1.800.000 денари, како и МИНИ ЏЕК ПОТ во вредност од 4.000-5.000 денари.