Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов мора да им направи брза обука на луѓето што му ја менаџираат facebook страната бидејќи тие најверојатно не се запознаени со тоа кој е Даме Груев, а кој Никола Карев.

Фотошоп мајсторот не е задолжен да ги знае сите тие работи, но ете и самиот прв патриот на ВМРО-ДПМНЕ немал време да види и да реагира побрзо, најверојатно поради фактот што е зафатен да ја брани Македонија од клетите татари, па будни корисници на facebook мораа да му укажат дека на фотката посветена за Никола Карев, стои гордиот профил на Дамјан Груев.

Во право е Роберт… Што има врска кога и двајцата имаат бради.

Сепак мора да го пофалиме Пандов дека ја поправи грешката и објавата за Никола, си го доби Карев во позадина.

Овде во одбрана на „патриотите“ од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, само ќе го цитираме поранешниот премиер Груевски:

 

„Кој работи греши, кој не работи не греши!“

PS: Дечки, пазете нареден пат со фотките, да повториме, Ибе Паликуќа е жена, како што сте трнале со прославите, ќе и дојде редот и нејзе, па ќе видиме фотографија од некој шумкар со титовка… Кој ќе ви го гледа сеирот после.

Извор: Трибуна