Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје младиот Никола кој боледува од рак на коските замина во Турција, каде следните денови ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На аеродромот го испрати градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

За посетување, на Никола Георгиев (19)  од село Црешево, неодамна му е дијагностициран канцер на коските и за него се бараат донации. Никола, нема родители, тој живее со своите баба и дедо. Откако беше споделена веста за болеста на младиот Никола, прв кај него замина Панчо од ДНК, кој побара помош за лекување. Потоа речиси сите, пејачи, актери и други личности од јавниот живот се здружија на хуманитарен турнир во мал фудбал кој ќе се одржи на 22-ри април во Автокоманда, а средствата собрани од турнирот ќе бидат наменети за лекување.