Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, ќе стане бизнисмен. Според информациите кои ги објави „Дојче Веле“, Груевски регистрирал фирма. Седиштето на фирмата ќе биде во малото гратче Пецел. Според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса. Од увидот во документите до кои дојде Дојче веле, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.