Деновиве светот го обиколуваат ужасни снимки што доаѓаат од Авганистан.
Во таа азиска земја владее општ хаос. Причината се талибанските војници кои брзо ја преземаа власта во земјата, по што десетици илјади жители на оваа земја одлучија да избегаат од неа.
Снимките од преполни авиони што го напуштаат Кабул ја обиколија планетата, а ситуацијата секој ден се влошува и се влошува.
Судбината на многу луѓе во таа земја е многу неизвесна, вклучувајќи го и Муртаз Ахмади, мало момче кое доживеа светска слава пред неколку години, откако неговиот брат објави фотографија на која позира во дресот на Меси, исткаен од обична сина пластична кеса, алудирајќи на репрезентативен дрес на Аргентина.
Момчето го запозна својот идол Меси, но неговиот живот потоа се претвори во пекол. Во неговата земја се шпекулираше дека Аргентинецот му дал пари, па му се заканувале нему и на неговото семејство.
Оптоварен со голем страв, тој се пресели во Кабул, но никој не знае што е со него денес и каде е откако Талибанците дојдоа на власт во Авганистан.
Приказната за малиот фудбалски навивач од Авганистан стана толку вирална што на крајот Меси лично го сретна во Доха. Момчето истрча на теренот, го прегрна Лео по што судијата мораше да го тргне од теренот на неговите раце.
„Му реков дека сакам да останам, да играм со него. Ми рече да одам со татко ми, но јас не го разбирам неговиот јазик. Бев пресреќен“, се сеќава момче за кое никој не знае што се случило како резултат на овие настани.