Утре ќе се одржи ЦО на СДСМ на кој треба да се констатира оставката на Зоран Заев, но и да се почне постапката за избор на негов наследник. Барем според изјавите, никој не сака да го наследи. Генералниот сектерат на СДСМ, Љупчо Николовски вели дека нема амбиција да биде лидер на партијата, ниту пак, ќе се кандидира. Со ист став е и Оливер Спасовски, кој е еден од потпретседателите на партијата.

Според засега неофицијални информации, најсериозен кандидат да го наследи Заев на двете функции, претседателската во СДСМ и премиерската е Димитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии.

Токму тој го придружуваше Зоран Заев на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши при разговорите за нивно приклучување на Владата.