Барселона синоќа ја победи Уеска на домашен терен со 4-1, а Лионел Меси повторно одигра одличен натпревар.

Меси повторно го воодушеви фудбалскиот свет во 13. минута бидејќи постигна спектакуларен гол за 1: 0.

Аргентинецот многумина ги остави без зборови со оваа мајсторија, а поранешниот англиски фудбалер и сегашен коментатор Реј Хадсон повторно брилијантно го искоментира фантастичниот погодок на Меси.

Реакцијата на Хадсон стана хит на Твитер.