МНОГУ луѓе разбираат дека не постои нешто како идеална врска, но некои бараат совршенство во партнерите и ги сметаат за дијамант во груба линија. Тие веруваат дека со нивното позитивно влијание можат да ги променат на подобро. Ова се хороскопските знаци кои никогаш не се задоволни и секогаш сакаат да го менуваат партнерот.

Овен

Овните обично имаат многу високо мислење за себе, па сакаат партнерот да биде најдобрата верзија од себе за да им парира. Дури и саканата личност да не сака да се промени, Овенот ќе биде упорен и нема да се откаже додека не се увери дека менувањето заради саканата личност е доказ за љубовта.

Девица

Девиците постојано се трудат да ги подобрат луѓето околу себе со давање критики, па исти се и кон љубовниот партнер. Тие се убедени дека секогаш може да биде подобар, па постојано го притискаат да го поттикнат да се промени. Го опсипуваат со критики и совети додека целосно не го истрошат и не го натераат да се откаже од своите принципи.

Скорпија

Посесивната Шкорпија сака да доминира со личноста со која е во врска. Овие луѓе обично бараат послаб партнер за да влијаат врз него и да го обликуваат според нивните желби и очекувања. Не се откажуваат додека не го добијат тоа што го сакаат, а за да стигнат до целта често користат манипулации и уцени.

Риба

Рибите ја бараат романтичната љубов од соништата. Иако често излегуваат со луѓе кои имаат лоша репутација, Рибите се убедени дека можат да ги направат подобри со нивната грижа и наклонетост. Иако имаат добри намери, ретко успеваат да го сменат партнерот, па најчесто страдаат.