Случувањата во овој момент во политиката се динамични и треба да се носат разумни одлуки, кажа Арбен Таравари пред почетокот на партиското собрание на Алијанса за Aлбанците во Гостивар.
На прашање околу коалицирањето со останатите партии на Aлбанците во Македонија, Таравари рече дека се коалициски партнери.
„Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори“, рече Таравари.
Тој потврди дека со Изет Меџити имале средба пред четири дена. Вели дека разговорот бил конструктивен и траел речиси два часа.
Тараври, исто така, потврди дека имал и средба со лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кога се сретнал со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
„На таа срдба само се поздравивме, како што налага однесувањето во такви прилики. Јас со секој политичар би се поздравил освен со лидерот на Левица“, истакна Таравари.
Меѓу новостите беше и доаѓањето на Исен Шабани, актуелен градоначалник на општина Врапчиште кој доскоро беше и потпретседател на партијата во крилото на Зијадин Сеља.
Шабани одговорајќи на новинарски прашања за неговото присуство и можно кандидирање на претстојните избори рече дека планира да биде независен кандидат и да бара поддршка од крилото Таравари.
„Денес собрав храброст да ги отстранам сите дилеми за АА и да биде што е можно повеќе обединета“, изјави тој.
На дневен ред пред партиските членови е дикусија за актуелната политичка состојба, за локалните избори, а донесена е и декларација за трагедијата во Кочани.