Бугарија одговара на поставените услови за влез во Шенген зоната и можеме да се согласиме со одлука која води до нејзино полноправно членство. Ова се вели во позиција на владата на Нидерландија со која располага Бугарското национално радио. Владата на Нидерландија подвлекува дека мониторингот по влезот во Шенген е пожелен со иста мера за раководењето на границите така и за владеењето на правото.
„Нидерландија се согласи Бугарија да стане дел од европската Шенген зона, најголемата зона без пасоши во светот“, соопшти Министерството за правда на Нидерландија, јавува Ројтерс, пренесува Трибуна.
Според медиумите во Нидерландија веста доаѓа од писмо на државниот секретар по прашањата за миграција Ерик ван дер Бург до Камарата на претставниците во парламентот на Нидерландија.
Порано денеска премиерот Денков објави дека може да се очекуваат позитивни вести за Бугарија од страна на Нидерландија во однос на Шенген зоната.